СМРТОНОСНА ИДНИНА | Децата родени денес ќе имаат живот полн со природни катастрофи!

1415

Како што продолжува климатската криза, сѐ повеќе докази сугерираат дека екстремните временски настани како што се урагани, циклони и пожари ќе станат почести, а со тоа и посериозни.

Помладите генерации ќе пораснат во многу поинаков свет од нивните родители – и тоа без нивна вина. Во споредба со луѓето родени во 1960 година, голем број нови модели сугерираат дека децата родени по 2010 година ќе доживеат просечно четири пати поекстремни климатски настани во својот живот, и тоа само ако го задржиме глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, прагот на кој му се приближуваме премногу брзо.

Неодамнешниот извештај на Обединетите нации веќе го става светот на пат кон затоплување за 2,7 степени до крајот на векот, и според новите модели, тој дополнителен степен ќе биде експоненцијално катастрофален, пишува Science Alert.

Ако светот се затопли за 3 степени Целзиусови до 2100 година, авторите предвидуваат дека просечното шестгодишно дете ќе доживее двојно повеќе пожари и циклони, трипати повеќе поплави на реките, четири пати повеќе неуспешни посеви, пет пати повеќе суши, и 36 пати повеќе топлотни бранови од претходните генерации.
„Нашите резултати нагласуваат сериозна закана за безбедноста на помладите генерации и повикуваат на драстично намалување на емисиите за заштита на нивната иднина“, пишуваат авторите.

Резултатите се далеку од совршени

Како што продолжува климатската криза, се повеќе докази сугерираат дека екстремните временски настани како што се урагани, циклони и пожари ќе станат почести, а можеби и посериозни. Новата студија е прва што предвидува како помладите генерации ќе бидат лично погодени од овие катастрофи што ќе се случуваат во текот на нивниот живот.

За да го пресметаат ова, истражувачите создале модели кои вклучуваат три струи на информации: податоци за глобалната популација, како што се растот на населението и просечниот животен век; проекции за шест екстремни временски настани, вклучувајќи пожари, циклони, поплави на реките, неуспех на посевите, суши и топлотни бранови; како и идните сценарија за климата составени од Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC).

Резултатите се далеку од совршени, но тие се важен чекор во идентификувањето на разликите во „меѓугенерациските нееднаквости“.

На пример, дете родено во 2020 година може да се надева на значително повеќе топлина во текот на својот живот. Но, износот ќе зависи од тоа колку ги ограничуваме штетните емисии. Едно лице родено во 1960 година ќе доживее околу четири топлотни бранови во текот на нивниот живот, додека денешните деца ќе доживеат околу 18 – ако затоплувањето е ограничено на 1,5 степени, или 22- ако затоплувањето се искачи до 2 степени.

Сепак, има некои добри вести

Со сценариото „деловно како и вообичаено“ – што ќе доведе до зголемување помеѓу 2,6 и 3,1 степени – родените во 2020 година ќе доживеат околу 30 топлотни бранови во својот живот, седум пати повеќе од оние родени во 1960 година.

За децата кои живеат во делови на глобалниот југ, бројките се особено загрижувачки. Во споредба со луѓето кои живееле пред индустриската револуција, се предвидува дека оние што се родени во 2020 година во субсахарска Африка ќе доживеат во просек скоро 6 пати поекстремни климатски настани во текот на нивниот живот.

Очигледно, авторите велат дека дури и тоа е потценување. Впрочем, податоците внесени во нивните модели не вклучуваат катастрофи со бавен почеток, како што се поплави на крајбрежјето од зголемувањето на морињата и не ја земаат предвид можноста климатските настани да станат посериозни, но и почести. Покрај тоа, повеќекратното изложување на климатски катастрофи во една година се сметало за една.

Добрата вест е дека ако затоплувањето може да се ограничи на 1,5 степени, истражувачите веруваат дека товарот на екстремните временски услови врз децата може „значително да се намали“.

Ги осудуваме децата на „смртоносна иднина“

На Блискиот Исток и Северна Африка, на пример, доживотната изложеност на екстремни временски услови може да падне за неверојатни 40% кај помладите генерации, но само ако ги исполниме најстрогите аспирации од Парискиот договор за климата. Ако сакаме ова да биде нашата реалност, треба да го смениме правецот – и тоа брзо!

Придружниот извештај за моделите, објавен од Save the Children, ги охрабрува богатите земји низ светот да го ограничат глобалното затоплување на 1,5 степени и да инвестираат во начини за да им помогнат на децата да се прилагодат на климатската криза и новите крајности на нивната иднина. Во спротивно, вели извршниот директор Inger Ashing, ќе им оставиме на нашите деца „смртоносна иднина“.

„Климатската криза во својата срж е криза за правата на децата“, продолжува Ashing. “Треба да ставиме крај на зависноста од фосилни горива, да формираме финансиски безбедносни мрежи и да го поддржиме најтешкиот удар. Можеме да го смениме тоа – но треба да ги слушаме децата и да прејдеме во акција. Ако затоплувањето е ограничено на 1,5 степени, има далеку поголема надеќ во светла иднина за децата кои сѐ уште не се родени“.

Студијата е објавена во списанието Science.