Најстариот човек на светот во моментов е 119-годишната Јапонка Kane Tanaka.
Корисничката на TikTok Auyary, неколку дена успева ненамерно да го збуни целиот свет со приказите на човек што таа го претставила на светот како нејзин дедо Luang Pho Yai.
Имено, со снимките некој објавил информација дека Luang има 163 години, односно дека е роден во 1858. година, во време кога ниту Abraham Lincoln се уште не бил апсолутно сигурен дали ќе стане 16-ти претседател на САД.
Тајландските медиуми, пак, ја демантирале информацијата, посочувајќи дека Luang е монах навистина стар повеќе од еден век, но и дека има „само“ 109 години.
Најстарата личност на светот во моментов е 119-годишната Јапонка Kane Tanaka, а титулата за најстара документирана личност на сите времиња се уште ја носи Французинката Jeanne Calment.
Живеела 122 години и 164 дена, а починала во август 1997. година.
Што се однесува до Luang побиена е и информацијата дека е среде Sokushinbutsu, практика на будистичките монаси кои сo аскетизмот влегуваат во процесот на мумификација.
Инаку, внуката на Auyary речиси секојдневно објавува дека тоа е нејзиниот дедо, како ги поминува деновите, а нејзиниот профил моментално го следат повеќе од половина милион луѓе.



















