„Драг дневнику, убив денес. Беше заебано. Пресеков грло“, е запис на една од најлошите девојки убијци.
Но, барем нејзината жртва не страдала, што не може да се каже за многу други кои биле брутално измачувани од детски психопати.
Од планирање до садистичко вознемирување, злосторствата на најлошите убијци на деца се толку ужасни што некои од нив се судени како возрасни. Најмладиот убиец имал само шест години.
1. Mary Bell
Во мај 1968 година, ден пред нејзиниот 11-ти роденден, Mary Bell го задавила 4-годишниот Marin Brown во напуштена куќа. Набргу потоа заедно со 13-годишната пријателка упаднала во сиропиталиште кое го опустошиле. Оставиле и порака на ѕидот во која го признаваат убиството на момчето, но полицијата претпоставувала дека тоа е само непримерна шега. Во јули истата година, тие го киднапирале и убиле тригодишниот Beian Howe и го оставиле неговото тело. Но, овој пат Mary ја издлабила буквата М на неговиот стомак. Поради нејзината возраст и психолошкото искуство кое покажувало особини на психопатија, таа била осудена само за две убиства од небрежност. Ослободена е со 23 години и моментално е на слобода.
2. Barry Dale Loukaitis
Вооружен до заби и облечен како каубој, 15-годишниот Barry Dale Loukaitis влегол во училница по математика во 1996 година и почнал да пука во соучениците. Убил професор и двајца ученици, возбудено извикувајќи „Нели ова сто пати е подобро од математиката“. Имал намера да земе еден ученик како заложник за да излезе од училиштето, но наставникот по физичко кој влетал кога ги слушнал истрелите се понудил за заложник. Потоа го совлада Barry, му го земал оружјето и го држел додека не дојшла полицијата. Barry бил осуден на две доживотни казни и 205 години затвор.
3. Jesse Pomeroy
Jesse Pomeroy е роден во 1860 година. Тој имал едвај 11 години кога затворил и мачел четири помлади момчиња. Откако бил фатен, бил испратен во воспитно-поправен дом, каде требало да остане до 21 година. Но, поради доброто владеење тој бил ослободен за само година и пол. И тогаш почнал да убива. Кога имал 14 години, киднапирал и убил девојка. Набргу потоа убил четиригодишно дете на таков грозоморен начин што за малку ќе му ја отсекол главата. Полицијата ја пронашла жртвата и го испрашала Pomeroy како сведок и само стандардно го прашала дали го убил момчето. Тој само ладно одговори: „Изгледа дека сум“. Бил осуден на смрт со бесење, но гувернерот одбил да го потпише налогот за егзекуција, па казната му била преиначена во доживотна самица.
4. Robert Thompson и Jon Venables
Двајца 10-годишни пријатели во 1993 година направиле нешто незамисливо. Тригодишниот James Bulger, кој бил со својата мајка, го киднапирале во трговскиот центар. Злоставата која следела ги згрози сите што работеле на случајот. Момчињата го претепале тригодишното дете, му ставале камења на главата, го содомизирале со батерии… Конечно, кога го убиле, телото му го ставиле на шини за да го преполови воз. Детето имало толку многу повреди што патолозите не можеле да утврдат која била смртоносна. Кога биле фатени, се обвинувале еден со друг. Осудените поминале осум години во затвор, но потоа судењето било поништено. Ослободени се и загарантирана им е анонимност.
5. William York
Десетгодишниот William York ја убил петгодишната Susan Mayhew во 1748 година. Еден весник од тоа време објавил ужасни детали придружени со илустрација за убиството. „Се што кажал е дека таа го извалкала креветот на кој спиеле заедно, многу мрчела и дека не ја сакал“. Осуден е според прописот со кој се бара смртна казна што ја барал обвинителот за другите 10-годишни да не убиваат девојчиња што „не ги сакаат“ и што „мрчат“. Но, судијата не бил подготвен да погуби мало дете, па го одложил погубувањето до 1757 година. Потоа York бил помилуван и проследен до Кралската морнарица, која го направила она што вообичаено го правела со осудените криминалци во тоа време – го искрцала во Австралија.
6. Eric Smith
Кога имал само 13 години, Eric Smith брутално го убил четиригодишниот Derrick Robie. Одел дома од игротека на само неколку влеза подалеку кога Smith го грабнал и го одвлекол во блиската шумичка. Го тепал со камен, го содомизирал со стап и продолжил да го осакатува телото и откако го убил. Во моментов издржува доживотна затворска казна, максималната казна предвидена за малолетници. Неговото барање за помилување било одбиено седум пати, последен пат во 2014. Сите кои го интервјуирале истакнуваат дека не можат да веруваат дека разговараат со убиец и дека тој изгледа толку нормално и искрено.
7. Lionel Tate
На 12-годишна возраст, Lionel Tate стана најмладиот осуден на доживотен затвор без можност за помилување. Деталите за убиството на шестгодишното девојче остануваат нејасни, но неспорно е дека девојчето го чувала неговата мајка. Таа била на горниот кат кога Lionel дотрчал и ѝ рекол на мајката дека девојчето не дише. Tate тврдел дека тие само ги испробувале техниките на борење што ги гледале на телевизија и дека смртта на девојчето била несреќен случај. Но, доказите укажуваа на нешто друго и Tate бил осуден за тешко убиство. Неговата пресуда е поништена во 2004 година со образложение дека не добил фер судење бидејќи не можел да го разбере обвинението. Тој го признал обичното убиство и бил пуштен на условна казна од 10 години. Но, само една година подоцна, тој повторно бил уапсен за вооружен грабеж на доставувач на пица. Осуден е на десет години, со дополнителни 30 години за прекршување на условната казна.
8. Jasmine Richardson
На 12-годишна возраст, Jasmine била осудена во 2006 година за убиство на нејзината мајка, таткото и осумгодишниот брат. Нејзините родители и забраниле да се гледа со 23-годишниот „дечко“ Jeremy Steinke. Момчето, кое им кажало на пријателите дека е врколак стар 300 години, дошло во нејзината куќа и заедно го убиле нејзиното семејство – прво Steineke ги убил нејзините родители кои биле на пеиземје, а потоа ја повика Jasmine горе во собата на нејзиниот брат и ја принудил да го заколе. Тие избегале, но брзо биле фатени. Steineke отслужува три доживотни затворски казни (по име Jackson May), а казната ја завршува во психијатриска болница и наводно се кае за злосторството. Од првиот ден на затворот тие разменуваат писма во кои не покажуваат никакво каење и се занимаваат само со нивната врска.
9. Alyssa Bustamante
Alyssa Bustamonte имала 15 години кога ја искористила својата помлада сестра за да намами деветгодишна соседка во затскриена област и ја убила. Elizabeth Olten си играла со својата сестра и Alyssa „случајно“ налетала на неа додека се враќала дома. Ја намамила на едно затскриено место, ја избола, ја давела и ѝ го пресекла грлото само за да види како е да се убие некој. Телото го оставила во плиток импровизиран гроб и го покрила со лисја. Ужасното злосторство можеби најдобро го опишува она што таа го напишала во нејзиниот дневник тој ден: “Само што убив некого, да… ебано е. Го задавив, му го пресеков грлото и го избодев и сега е мртов. Не знам како се чувствувам. Беше неверојатно. Штом ве помине она “ох боже, не можам тоа да го направам“, чувството станува прилично угодно. Некако сум нервозна и возбудена“. Подоцна признала дека ископала два гроба, сугерирајќи дека први мети ѝ биле нејзините браќа близнаци. Издржува доживотна затворска казна.
10. Graham Young
Познат и по прекарот Трујач со чај, осуден е за убиство на својата маќеа во 1961 година и за труење на неколку други членови на семејството кога имал само 14 години. Осуден е на минимум 14 години во психијатриска установа. За време на неговата казна имало неколку случаи на труење, но ниту едно не успеале да поврзат со него. Young имал 23 години кога успеал да ги убеди надзорниците и психијатрите дека е излечен. Ослободен е во раните 1970-ти и тогаш започнала неговата вистинска кампања: се шпекулира дека отрул 70 луѓе. Двајца негови колеги починале, но смртта првично била припишана на „зараза“ која се ширела – со оглед на тоа што многу други покажале слични симптоми. На крајот, тој повеќе не можел да толерира како другите ја земаат заслугата за неговата “работа“, па самиот ѝ предложил на полицијата да провери дали има труење со талиум. Дури тогаш го проверила неговото криминално минато, а подоцна пронашла детален дневник. Осуден е за две убиства, два обиди за убиство и две труења, иако е извесно дека отрул и многу други. Добил четири доживотни казни. Починал во затвор во 1990 година на 42-годишна возраст.
11. Josh Phillips
Josh Phillips играл бејзбол и случајно удрил со стап во окото на осумгодишната сосетка Maddie Clifton. Таа врескала и плачела, а 14-годишниот Josh во паника ја одвлекол до својата куќа и ја задавил со телефонска жица. Но, тоа не ја убило, па ја избол 11 пати и на крајот ја претепал со бејзбол палка. Никој не се сомневал дека Josh имал врска со исчезнувањето на девојчето. Една недела откако ја убил Maddie, мајката на Josh забележала влажен дел од подот во неговата соба. „Видов вода до неговиот воден кревет и прво сакав да видам колку тече“, се сеќава мајката. Го подигнала душекот и го видела телото на девојчето во кревет. Осуден е на доживотен затвор без можност за помилување.
12. Aniyah Batchelor
Бидејќи бил осуден како малолетник (додека на другите на списокот им се судело како полнолетни), името на убиецот не е објавено, но во 2012 година, 12-годишно момче во Maryland ја претепало до смрт неговата полусестра која живеела со нив. Момчето признало дека ја удрило шест пати, но обдукцијата открила повеќе од 50 внатрешни и надворешни повреди. Обвинителот тврдел дека бил љубоморен, но судијата пресудил дека не бил свесен за тежината на своите постапки и бил упатен на терапија и притвор.
13. Carl Newton Mahan
Во мај 1929 година, шестгодишниот Carl Newton Mahan и осумгодишниот Cecil Van Hoose се скарале за парче старо железо што имале намера да го препродадат. Cecil ја зел пеглата и со неа го удри Carl по главата. Carl отишол дома и ја земал пушката на татко му што висела над вратата. Се вратил назад и ја вперил пушката кон Cecil. „Ќе те застрелам“, рекол и пукнал. Cecil набргу починал од повредите. Carl првично бил обвинет за убиство, но по расправата поротата го променила обвинението во убиство од небрежност. Carl бил осуден на 15 години во воспитно-поправен дом и пуштен со кауција од 500 долари на неговите родители. Подоцна, окружниот судија спречи Carl да биде одведен во поправен дом бидејќи му се судело пред порота што било прекршување на процедурата со оглед на неговата возраст, па Carl едноставно отишол дома.



















