Мајка по 18 години си ја препознала ќерката која и ја украле по раѓањето

1786
Морн, лево и Селест Нурс, биолошките родители од Јужноафриканската држава

Жена од Јужноафриканската Република на која и украле бебе од породилиште по 18 години ја препознала својата ќерка.

Селест Нурс (37) на суд се соочила со жената која пред 19 години и ја киднапирала ќерката Зефани од породилиштето.

Таа во судот раскажала дека во 1997 година додека се наожала во породилиштето бебето и го украла женска личност која била облечена како медицинска сестра.

По тој случај, како што рекла таа, никогаш не престанала да трага по својата ќерка.

– Никогаш не ја изгубив надежта. Знаев дека моето дете е таму некаде и дека ќе ја најдам и дека ќе се врати дома- изјавила Селест.

Пред неколку години нејзината ќерка Кесиди, која ја родила откако била украдена Зефани, одела на училиште со девојка која била многу слична на неа, а дури станале и најдобри пријателки бидејќи живееле во близина.

Зефани Нурс

Селест се посомневала дека таа девојка би можела да биде нејзината ќерка која била украдена од породилиштето. Потоа ја повикале на ручек и ја прашале кога била родена.

Откако собрала доволно податоци за девојката, Селест им се обратила на надлежните власти и барала ДНК анализа која минатата година покажала дека таа девојка нвистина е нејзината ќерка Зефани.

Жената која се грижела за девојката на суд се бранела дека го посвоило девојчето, бидејќи не можела да забремени. На суд изјавила дека пред посвојувањето на новороденчето и кажале дека мајката се одрекла од бебето.