ДАЛИ ВО ОВА НАСКОРО ЌЕ СЕ ВОЗИМЕ ? Ќе лета со брутална брзина од дури 11.265 км/ч

1776
Уметничка илустрација на вселенскиот авион со екипаж што ја развива кинеската компанија Space Transportation.

Кинеска компанија ги претстави плановите за хиперсоничен авион кој ќе лета меѓу Пекинг и Њујорк за еден час.

„Крилестата ракета“ е дизајнирана да лета со брзина од 7.000 милји на час (11.265 километри на час), а тестовите се очекува да започнат следната година. Научниците се надеваат дека хиперсоничниот авион ќе биде подготвен за лет до 2024. година, пишува The Sun.

Футуристичкиот авион го развива Space Transportation, кој се надева дека ќе изврши целосен лет до крајот на деценијата. На видеото објавено од компанијата се гледа како авионот се одвојува од ракетното крило по полетувањето, пред да продолжи кон својата дестинација.

Во меѓувреме, крилото и засилувачите повторно слетуваат на лансирната платформа. Кога ќе пристигне, авионот ќе слета користејќи три нозе кои се отвораат одзади. Компанијата може да се пофали дека може да го поврзе Њујорк со главниот град на Кина за само еден час.

„Развиваме ракета со крила за брз транспорт од точка до точка, чија цена е пониска од ракетите кои носат сателити и побрза од традиционалните авиони“, изјавија од компанијата за кинеските медиуми.

Планираниот вселенски авион на Space Transportation ќе се лансира вертикално, како што е прикажано на илустрацијата на овој уметник.

Hi-tech планови

Хиперсоничните авиони се меѓу главните кинески Hi-tech планови, а земјата продолжува да фрла големи суми пари и ресурси во секторот. Кон крајот на минатата година беа објавени плановите за вселенско летало кое може да превезе десет луѓе насекаде на Земјата за еден час.

Прототипот има пар делта крилја слични на оние на Конкорд дизајнирани од Французите и Британците, но со врвовите свртени нагоре. Предложениот хиперсоничен авион од 45 метри е поголем од Боинг 737 и има два мотори поставени на врвот на главното тело, објави South China Morning Post.

Комунистичкиот гигант развива и нуклеарен ракетен мотор со брзина од 9654 км на час, кој наводно се базира на дизајн кој НАСА го напуштила поради превисоката цена.

Запрепастени Американци

Американските разузнавачки и воени претставници, наводно, биле вчудоневидени минатото лето откако Кина лансира ракета во вселената со хиперсонично лизгачко возило кое орбитира околу Светот пред да забрза кон својата дестинација.

Ракетата со нуклеарно оружје ја промашила целта за околу 32 километри откако е тајно лансирана во август, изјавија разузнавачки извори за Financial Times.

Space Transportation минатиот август објави дека собрал 34 милиони фунти за своите планови за хиперсонични вселенски летала. Компанијата неодамна спровела серија тестови на своите возила Tianxing 1 и Tianxing 2.

Десеттиот тест за летање е спроведен на 23. јануари, по што следело уште едно тестирање во соработка со лабораторија за согорување на Универзитетот Tsinghua во Пекинг.