ДУРИ И ДА СТЕ ЗДРАВИ И ВО ФОРМА | И баналното гледање телевизија може да доведе до смртоносни згрутчувања на крвта

1370

Кога долго седите во тесна положба, крвта се акумулира во вашите екстремитети и не циркулира – а тоа може да предизвика згрутчување на крвта.

Луѓето кои седат пред телевизор со часови имаат една третина поголема веројатност да развијат смртоносни згрутчувања на крвта, покажа истражувањето. Прекумерното гледање телевизија четири часа или повеќе го зголемува ризикот за 35 проценти – дури и за здрави луѓе кои се во форма.

Кога луѓето седат мирни, крвта се акумулира во екстремитетите. Др. Setor Kunutsor од Универзитетот во Бристол објаснува:

„Кога седите во тесна положба долго време, крвта се акумулира во вашите екстремитети и не циркулира – и тоа може да предизвика згрутчување на крвта.“

Станете и разгибајте се

„Кога гледате телевизија долго време, мора да правите паузи – станувате и се истегнувате на секои 30 минути или користете стационарен велосипед. Избегнувајте комбинирање на ТВ со нездрава закуска. Ако седите многу во секојдневниот живот – како што е седење со часови пред компјутер – задолжително станувајте и активирајте се од време на време“, советува докторот.

Продолженото гледање телевизија вклучува имобилизација, што е фактор на ризик за згрутчување. Научниците забележале стапки на згрутчување на 131.000 постари од 40 години. Тие откриле дека ризикот од згрутчување на крвта е зголемен без оглед на возраста, тежината или физичката подготвеност.

Секој четврти човек умира од состојба поврзана со згрутчување, како што се срцев и мозочен удар, пишува The Sun.