Пловечки хотел со пет ѕвезди е сѐ што ни треба за совршен викенд | Фото

1691

Синџирот хотели Kempinski планира да изгради пловечки хотел.

Ќе има 156 соби и 12 луксузни вили, кои ќе можат да се одвојат од хотелот и ќе делуваат како чамци.

Централниот дел на пловечката палата е изграден во четири дела, а во средината е поврзан со стаклена пирамида. Вилите се опремени со соларни панели и се дизајнирани да бидат еколошки прифатливи.

Гостите ќе уживаат во целосната услуга по која е познат Kempinski, вклучувајќи четири ексклузивни гурмански ресторани, барови, теретана, базени и, се разбира, огромен спа центар.

„Возбудени сме што можеме да им понудиме на нашите гости во Дубаи едно вакво уживање“, рече Bernold Schroeder, извршен директор на Kempinski Group и извршен директор на Kempinski AG.