Српски портал ископа карта стара осум години според која само Албанците имаат понизок просечен коефициент на интелигенција од нив.
Српскиот портал B92 откри мапа на просечниот национален коефициент на интелигенција во Европа, направена во 2014 година од Marian Jakub, чешки лингвист и статистичар кој картографски ги прикажува податоците.
Повикувајќи се на податоците од книгата “Intelligence: A unifying construct for the social sciences” од Richard Lynn и Tatu Vanhanen, Маријан објави мапа според која просечниот коефициент на интелигенција во Србија е меѓу најниските во Европа. Послаби од нив се само Албанците (а според нецелосни податоци и Црногорците).
Иако коефициентот на интелигенцијата е измерен со тестови, никако не е мерило за интелигенција, а уште помалку памет (како што истакнуваат во публикацијата Јакуб и авторите на книгата), туку пред се квалитетот на образовниот систем, српскиот портал објави наслов „Србите и Албанците меѓу најглупавите во Европа“.

Белосветска завера против Србите
Очекувано, написот за мапата објавен пред осум години предизвика бројни реакции, а се сведува на „белосветски заговор против Србите“.
„Има ли уште некоја друга идеја да не понижат?“, „Тоа, се разбира, го напишале Англичаните“, се дел од коментарите.
Паметни, инаку како би успеале во светот
Има и такви коментари кои звучат многу познато.
„Затоа нашите млади постојано освојуваат награди по математика ширум светот! Затоа нашите експерти наоѓаат добри работни места ширум светот“, пишуваат Србите во коментарите под статијата и на Фејсбук.
Најинтелигентни се народите од Западна Европа
Според мапата што се шири на социјалните мрежи, просечната интелигенција на српските граѓани е 90, Македонија 91, Босна и Херцеговина 93, а Хрватска и Словенија 98.
Поглупави од Србите испаднале само Црногорците со 83 и Албанците со 82 што е најнизок коефициент на интелигенција во Европа. Грција и Бугарија имаат 93, Украина 94, Полска 96, Шпанија 97 и Русија 97.
Ако и се верува на картата, најинтелигентни се народите од Западна Европа. Франција и Норвешка имаат 98, Германија, Шведска и Обединетото Кралство 99. Најинтелигентни луѓе се Финците, со просек од 101.



















