Ако ви се случува ова, вашето тело е загадено со токсини

1385

Поради неправилна исхрана и недостатокот на физичка активност, токсините остануваат блокирани во телото и ги успоруваат природните функции.

Еве неколку знаци дека ви се случува тоа:

Физиолошки потреби

Честото одење до тоалетот е едноставен показател дека Вашето тело е полно со токсини. Сепак, ова е еден од најдобрите начини на кои отровот излегува од телото, во спротивно ќе се врати во крвотокот и ќе предизвика проблеми. Затоа пијте што повеќе течности и пробиотици со цел да се подобри варењето на храната и уринирањето.

Непријатен здив

Причина се или бактерии во устата или неможноста на желудникот и црниот дроб да “обработат” сите токсини. За да се реши овој проблем, секојдневно чистете јазикот од наталожените слоеви.

Ве дразнат мириси

Ако ви пречи нечиј парфем, чад или други мириси најверојатно имате проблем со црниот дроб, кој не е во состојба да се ослободи од токсините и поради тоа сетила се изострени, а секој нов мирис може да ви предизвика главоболка.

Прекумерна тежина

Проблемите со хормоните, лошата исхрана и големиот број токсини во крвта водат до масни наслаги и прекумерна тежина. Нагло дебелеење ви покажува дека е време да го исчистите организмот.