Лек го зачувува здравјето на кожата и создава вештачки тен

1749

Научници развиле лек кој помага за формирање на вештачки тен.

На овој начин кожата не е изложена на оштетување ултравиолетово зрачење. Екипата од централната болница во Масачусетс се надева дека откритието може да помогне во борбата против ракот и стареење на кожата.

Примероци од лекот се тестирани врз кожата на глувци, врз која се создале кафеави пигментни дамки. Според научниците, лекот ќе функционира успешно и кај луѓе кои имаат многу светла кожа која лесно гори под влијанието на силните сончеви зраци.

Моќната UV светлина доведува до појава на тен на кожата, но исто така и предизвикува и многу штета. Таа предизвикува различни хемиски реакции кои се виновни за создавањето на темниот меланин. Лекот, создаден во Масачусетс, се нанесува на кожата, за да може да ја заштити од штетното влијание на сонцето и да го активира производството на меланин.

“Тоа има силен потемнувачки ефект. Гледано под микроскоп, тоа навистина предизвикува производство на пигментот на UV-независен начин“, коментира д-р Дејвид Фишер за BBC News.