Секој празник има свое посебно мени и свое правило за храна.
Единственото нешто што им е заедничко е тоа што го спојува целото семејство заедно.
Меѓу тие празници е и Божиќ, кој се смета за најголемиот празник и има своја Божиќна трпеза.
Традиционалната Божиќна трпеза во светот
Секоја Божиќна трпеза во светот е различна и има своја традиција која се негува. Во некои земји служат посна, додека пак во некои мрсна храна. Има земји кои имаат месо за главно јадење, а во други пак десертот е тој што ја заокружува убавината на трпезата. Сумирано, секоја држава има своја, сама по себе интересна традиција на прославување на Христовото раѓање.
Германија
Во оваа западна земја во Европа, празникот се слави два дена, на 25-ти и 26-ти декември. Ноќта пред Божиќ, целото семејство се собира околу трпезата. Главното јадење, како дел од нивната традиционална Божиќна трпеза се состои од печена храна, обично гуска или риба. Заедно со главното јадење, како додаток, се служи и салата, најчесто зелка.
Шведска
Оваа традиција во Шведска е многу поинаква и поинтересна од оние традиции што веќе до сега сме ги знаеле или сме ги слушнале. Во Шведска со прославување на празникот се започнува порано, од денот Св. Луција. Таму, најстарата ќерка во фамилијата се облекува во бело, а на главата носи круна од гранчиња од бобинки. Така облечена, го служи целото семејство.
Најчесто се служи со кафе и со земичка. Традицијата продолжува и во наредните две недели со шведска маса. Шведската маса има вкусна Божиќна трпеза, која вклучува ладна риба, ладни меса, црвена зелка и шунка. Покрај ладната храна има и топли јадења како ќофтиња, колбаси и карамел компири.
Филипини
За прославата во оваа претходна шпанска колонија, може да се каже дека е една од најдобрите во светот. Прославувањето таму започнува од 16-ти декември. Кога ќе дојде периодот за поставување на Божиќна трпеза, уличните продавачи застануваат пред црквите и продаваат разни јадења, меѓу кои и нивното вкусно топло чоколадо.
Овој нивни Филипински специјалитет е направен од обоен ориз, зачинет е со кокос и кафеав шеќер и се слуши во бабмусова туба. После тоа, започнува нивната главна забава. На забавата се служи димена шунка и печена свиња, а во другите јадења на трпезата спаѓа и динстувана опашка од вол.
Божиќната трпеза во Македонија
Секоја Божиќна трпеза го означува крајот на четириесетдневниот Божиќен пост. Менито на една трпеза е претежно посно, почнувајќи од главното јадење, па се до десертот. Рецептите се обично по желба на домаќините. За трпезата претежно се смета тоа дека колку е побогата, толку побогата ќе биде годината.
Вечерата започнува со кршење на лебот, па продолжува вечерата со јадење и пиење. До крајот на вечерата, трпезата не се собира. Следниот ден, на трпезата се служи мрсна храна. Мрсната трпеза содржи јагнешко месо, кифли, салати итн.



















