Ема се надева дека нејзината приказна ќе им помогне на другите да го „слушаат своето тело“ и да побараат медицинска помош кога ќе забележат дека нешто не е во ред.
Emma Lynch (24) од Шкотска била шокирана кога дознала дека модринките кои случајно ѝ се појавиле на нејзиното тело се симптом на рак, а не недостаток на железо, како што претходно мислела, пренесува Mirror.
Мајка на четири деца забележала модринки на нозете и рацете, но ги припишала на мала количина на железо. Набргу потоа ѝ се прошириле на сите нозе и итно била пренесена во болница со треска и забрзано чукање на срцето. Тестовите на крвта покажале дека таа всушност боледува од акутна миелоидна леукемија, агресивен рак на белите крвни зрнца.
“Слушајте го своето тело”
Откако доби дијагноза, Ема започнала со интензивна хемотерапија, поради која повеќе не била достапна за нејзините едногодишни близнаци и постарите деца на возраст од четири и шест години.
„Кога дознав за дијагнозата, се исклучив. Се чувствував како да не сум во собата, сè одекна, а потоа го слушнав докторот како вели: „Навистина ми е жал, но имаш акутна миелоидна леукемија“. Вреснав. Не ни плачев, само врескав. Се чувствував како да ме удри воз. Откако се вразумив, првата мисла беше дека треба да се борам за моите деца. Оттогаш се борам за нив секој ден“, откри таа во интервју за Glasgow Live.
Young mum, 24, can't see her children after mysterious bruises diagnosed as cancerhttps://t.co/4AMUoazffi
— Glasgow Live (@Glasgow_Live) November 15, 2021
Таа почнала со хемотерапија пет дена по дијагнозата и се надева дека нејзината приказна ќе им помогне на другите „да го слушаат своето тело“ и да побараат помош кога ќе забележат дека нешто не е во ред со нив.
„Пред дијагнозата имав модринки кои случајно ги забелажав по моето тело. Се чувствував уморно и непцата ми крвареа, но она што ме натера да отидам на лекар беа отечените нозе и зглобови кои беа болни и црвени“, се сеќава таа.
Една млада мајка сака да ја победи болеста
Тогаш и бил дијагностициран целулит и поминала курс на антибиотици, но една недела подоцна и станало јасно дека навистина не е добро.
„Почнав да се чувствувам многу лошо, имав треска и треперев, а срцето ми чукаше брзо“, рече Ема. Лекарите се посомневале на сепса и ја упатиле во болница.
По бројните тестови и разговори со лекарите, најлошите стравови на Ема станаа реалност. Но, најтешкиот дел штотуку следеше – споделување на лошите вести со своето семејство.
„Не беше лесно да им кажам дека имам рак. Беа уништени, особено моите постари деца, но сите ме поддржуваат и навиваат за мене“, истакна младата мајка.
Ема е решена да ја победи болеста и да ја заврши хемотерапијата до празниците.



















