Дали некогаш со вашите деца имате боено боенка во која се опфатени слики со деца со атипичен развој?
Дали дома разговарате со вашите деца за прифаќање на различностите и за различните можности и потреби на другите деца?
На интернет има голем број на боенки кои можете да ги испринтате и заедно со вашите деца да ги боите.
Тоа може да го направите и во градинките. Да ги подготвиме и научиме децата да ги прифатат различностите и гласно да размислуваат и да разговараат за различните потреби на другите деца со попреченост.
Да го вклучиме секое дете преку боење да се стимулира и да ги прифати различните од себе. Секое дете да може да разбере дека сите сме еднакви, но едноставно имаме различни потреби и различни можностим и дека секој од нас е уникатен.
Запознавање на децата со различноста, учење дека сите сме еднакви без разлика на попреченоста, дека не треба да користат никаков потсмев, да се прашуваат или пак да бегаат од децата со попреченост, да не ги дискриминираат, и учење на тоа дека различни деца со различни способности играат задено, заедно се дружат, заедно учат.
Ние избравме неколку сликички кои ви ги предлагаме за почеток.
Драги родители и едукатори
Важно е… додека децата бојат да бидете во близина и заедно да водите разговор за илустрациите.
Ви даваме неколку насоки со цел разбирањето да биде поуспешно, а комуникацијата покреативна и порадосна за сите.
Пред да почнете да боите, прво објаснете му на детето дека заедно ќе правите нова забавна активност во која е важно да истата да биде доживеана како авантура и истражување.
Допуштете му на детето да ја отвори книгата и самото да ја разгледа.
Бидете мудостапни на детето да ве праша доколку нешто му изгледа поинакво и невообичаено.
Кога детето ќе постави прашање, треба да му возвратите со прашање што мисли тоа, и да даде свое слободно мислење, без да го корегираме и критикуваме независно како ни звучи одговорот.
Понатаму го насочуваме детето со прашања на кое тоа треба да договори, а да дојде до сознанието дека Бидете со внимание на својата состојба, бидејќи понекогаш некои од сликите и разговорите може и кај вас да создадат чувство на, сожалување, грижа или пак тага. Бидете креативни конструктивни и подготвени за забава.
Со оваа боенка на креативен и забавен начин ја подигаме инклузивната свесност кај нашите деца.
Секое дете е уникатно и покрај тоа што изгледа и се однесува поинаку.
Вашето чувство додека зборувате со детето треба да биде неутрално и спокojно.
Со клик на Линкот до боенката !



















