Во Лајбниц траат истражувањата на оваа нова метода.
Оливер Г. Шмит (45) од институтот во Лајбниц ги истражува можностите на лечење на рак со сперматозоиди. Се истражува дали сперматозоидите со лекови тоест хемотерапија би можеле директно да се насочат кон клетките на ракот. Сперматозоидите би требало да лечат рак на грлото на матката, јајниците и јајцеводите.
„Нашата студија која ја направивме во лабораториски услови со сперма од говеда покажаа резултат“—вели Шмит за Билд. Секој сперматозоид би требало да добие „изолација„ која би се испринтала со 3Д принтер.
Транспортерот на сперма има слој на железо и титан,а лекот со магнетното поле би се „водел“ точно на туморните клетки. „Погонот“ би го давал сперматозоидот.
Истражувањето покажало дека еден дел од туморната клетка умрел по делувањето на сперматозоидите полнети со хемотерапија.Сепак Шмит вели дека ќе помине уште долго време додека евентуално би можело да се почне со овој начин на лечење на рак.



















