СКАНДАЛ | Суспендирана лабораторија | Издалa 43.000 лажни PCR тестови!?

2418

Веднаш го прекинавме тестирањето во оваа лабораторија додека ја продолживме истрагата, рече Will Welfare од Англискиот институт за јавно здравје.

Лабораторијата за тестирање на „Ковид-19“ во централна Англија е суспендирана под сомнение дека дала лажно-негативни резултати од PCR тестови, објави во петокот Британската агенција за здравствена безбедност (UKSHA).

NHS Test and Trace започна истрага за лабораторија во Wolverhampton, по извештаите за негативни резултати од PCR тестовите, откако поединци претходно биле позитивни на брзиот антигенски тест.

Според официјалните упатства во Обединетото Кралство, PCR тестовите се попрецизни од брзите антигенски тестови и поединци можат да излезат од самоизолација доколку се негативни на PCR тестот, а претходно биле позитивни на брзиот антигенски тест.

UKSHA проценува дека 43.000 луѓе добиле негативен резултат на PCR тест, претежно во југозападниот дел на Англија поради што, веројатно е потценет бројот на заразени со Ковид-19 помеѓу 8 септември и 12 октомври.

„Веднаш го прекинавме тестирањето во оваа лабораторија додека продолживме со истрагата“, рече Will Welfare од Англискиот институт за јавно здравје.

“Целосно соработуваме во истрагата”

“Нема докази за грешки во самите брзи антигенски и PCR тестови и јавноста треба да биде сигурна во нивната употреба во другите лаборатории”, додаде тој.

Immensa Health Clinic, сопственик на лабораторијата, изјави дека „целосно соработува“ со UKHSA во истрагата.

UKSHA наведува дека ова е изолиран инцидент во една лабораторија и дека примероците сега се пренасочуваат кон другите лаборатории.