Анализите откриле интересна врска.
Авганистан одамна е дом на една од најинтересните нерешени мистерии во еврејската историја: судбината на некои од десетте Израелски изгубени племиња.
Радикалните исламисти кои го окупираа Авганистан и најавуваат дека ќе спроведат закони врз основа на светата муслиманска книга Куранот се всушност – древните Израелци?
Такво прашање и обид да го реши неодамна си го поставил угледниот израелски весник Jerusalem Post.
“Авганистан одамна е дом на една од најинтригантните нерешени мистерии во еврејската историја: судбината на некои од десетте Израелски изгубени племиња”, пишува весникот.
Синови на Израел
Повеќето талибански борци во Авганистан потекнуваат од народот Паштун. Постои теорија дека припадниците на тој народ се потомци на Израелците кои биле протерани од Асирската империја пред 2700. години. Паштуните главно живеат во Пакистан, Авганистан и Индија, а се проценува дека ги има меѓу 60 и 70 милиони.
Иако низ историјата биле на удар од многу освојувачи, неколку стотици кланови и племиња силно ја задржале својата традиција. Пред појавата на исламскиот фундаментализам во регионот, многу од нив се декларирале како Bani Israel (синови на Израел). Тоа го забележале многу исламски патописци и историчари дури и во 13. век. И во следните 400 години, многу исламски научници и писатели го бележеле постоењето на таа традиција.
Слични обичаи и закон
Во 19. век, многу западњаци, кои го посетиле регионот, биле убедени дека Паштуните се потомци на древните Израелци. Неодамна, и поранешниот израелски претседател Yitzchak Ben-Zvi во студија од 1957. година напишал дека “авганистанските племиња, меѓу кои се Евреите живееле со генерации, всушност се муслимани кои до денес ја зачувале својата фантастична традиција на своите предци од Десетте племиња”.
Многу модерни научници, исто така, ги посочиле заедничките обичаи на Евреите и Паштуните. Меѓу нив се обрежувањето на осмиот ден од животот, воздржување од мешање месо и млеко, палење свеќи во ноќта на Шабат, па дури и традицијата на левиратски брак според која братот на починатиот или неговиот најблизок роднина мора да се ожени со вдовицата на починатиот ако таа нема деца. Други експерти забележале сличности помеѓу древниот паштунски „закон“ Pashtunwali и еврејските традиции.
Додека анализите на ДНК понудиле ограничени докази за оваа теорија, написот од 2017. година во научното списание Mitochondrial DNA се вели дека е докажано за постоењето на „генетската врска“ помеѓу Израелците со еден од паштунските кланови.



















