Времето отчукува ! Дали треба да го колонизираме универзумот ? Во одреден момент ќе мораме

1408

„Сиромаштија, климатска криза – би можеле да ги решиме ако им пристапиме научно“, смета Jacco van Loon.

Астрофизичарите со години зборуваат дека вонземски живот мора да постои, но каде и во каква форма не успеале да откријат. Но, можеби се приближуваме до тоа откритие. Тим од Универзитетот во Cambridge открил нова класа планети за живеење за кои тврдат дека ќе доведат до докази за постоење живот надвор од Земјата во следните три години.

Дали ЕТ е таму? Или е оваа потрага како онаа за светиот грал, која зборува повеќе за нас отколку за нив? Coco Khan побарал од The Guardian мислење за ова од Jacco van Loon, астрофизичар и директор на Keele Observatory Staffordshire.

Jacco смета дека е многу веројатно дека не сме сами.

“Има многу ѕвезди и планети накои може да започне живот, но немаме докази за тоа. Чудно е: го нарекуваме Ферми парадокс … Можеби немаме технологија за откривање на примитивен вонземски живот (микроорганизми). Но, напредните живот форми како нас се гласни и сјаат; создаваме вештачка светлина. Успеавме да испратиме и да примиме радио сигнали низ вселената уште од Втората светска војна, но ништо не слушнавме ништо”, изјави тој.

Каде се сите?

Според една теорија, вели тој, причината што не ја знаеме за другите напредни цивилизации е таа што тие не остануваат на исто место.

“Природниот исход е дека тие стануваат деструктивни и исчезнуваат. Можеби вонземјаните нѐ гледаат и помислуваат: “Нема да трае долго” и се држат настрана. Или чекаат да дознаат кој сѐ друг е таму пред да се откријат”.

Jacco нагласи дека е добро да се биде внимателен.

„Од истражувањата на Земјата знаеме дека постојат ризици – од агресивна миграција или пренос на болести во нови земји.”

Ќе мораме да ја оставиме Земјата зад себе

Запрашан од новинарите да зборува за колонизацијата, а прашањето е дали е тоа добар опис на она што го прават Jeff Bezos и Richard Branson со нивните планови за комерцијални вселенски летови, на што одговорил дека не е.

“Во одреден момент ќе мораме да ја оставиме Земјата зад себе. Климатската криза, Сонцето на крајот ќе стане црвен џин и ќе ја проголта Земјата. Можеби гледањето на Земјата од вселената може да ги охрабри претприемачите да ја спасат нашата планета. Потребна ни е регулација на комерцијалните вселенски летови да ги спречиме истите грешки што ги направивме овде”, тврди астрофизичарот.

Иако ние луѓето не сме точно познати по тоа што учиме од нашите грешки, Jacco вели дека можеби истражувањето на вселената ќе ни помогне да се видиме себеси однадвор и објективно да ги решиме нашите проблеми.

“Сиромаштија, климатска криза – би можеле да се ослободиме од нив ако научно им пристапиме”.

Jacco се надева дека наскоро ќе започне истражување на вселената.

“Времето отчукува!”