Научникот тврди дека вакцинирањето што е можно повеќе луѓе е најдобриот начин да се спречи појавата на загрижувачки нови мутации.
Ковид-19 ќе стане слаб како и обичната настинка, но вакцинацијата сепак ќе биде пожелна, изјави Sarah Gilbert, истакнат британски научник, која била вклучена во создавањето на оксфортската вакцина, произведена од AstraZeneca.
Според неа, коронавирусот што предизвикува Ковид-19 нема да мутира во посмртоносна варијанта, туку ќе стане сличен на коронавирусите со кои живееме долго време.
Gilbert смета дека Ковид-19 ќе стане како обична настинка
“Ние веќе живееме со четири различни човечки коронавируси за кои навистина не размислуваме премногу и на крајот Sars-CoV-2 ќе стане еден од нив. Прашањето е колку време ќе биде потребно за да се постигне ова и кои мерки во меѓувреме ќе ги преземеме за да успееме тоа да го направиме”, рече Gilbert на вебинарот на Кралското медицинско друштво за варијантите на вирусот.
Готово е со опасните мутации?
Таа додаде дека вирусот нема да може да мутира за да го „победи“ ефектот на вакцината.
“Вирусот не може целосно да мутира, бидејќи неговиот спајк протеин мора да стапи во интеракција ACE2 рецепторот на површината на човечката клетка за да влезе во таа клетка. Ако тој го промени својот спајк протеин толку многу да не може да стапи во интеракција со тој рецептор, тогаш не би можел да влезе во клетката. Значи, нема многу места каде што вирусот би можел да го избегне имунитетот, а и понатаму да биде заразен вирус”, објасни научникот.
Gilbert нагласи дека вакцинацијата е клучна во борбата против идните пандемии, а подготовката за следната е од витално значење за епидемиите “да не се прошират во повеќе земји”.



















