Д-р Ghassan Kamel од Универзитетската болница St. Louisu објави рентгенска снимка на бели дробови на вакциниран и невакциниран пациент заразени со Ковид.
Лекарот Ghassan Kamel, кој раководи со единицата за интензивна нега, рече дека сака да го сврти вниманието на важноста на вакцините што спречуваат тешки форми на болести при инфекција, пишува Health.
“Белите дробови треба да бидат полни со воздух, а воздухот на ренгентската снимка изгледа црно. Ако погледнете, ќе видите дека сликата на невакцинираниот пациент е матна, повеќе бела отколку црна. Тоа значи дека на пациентот ќе му треба кислород, а можеби и повеќе од тоа, можеби ќе треба да се направи вештачка вентилација, респиратор и други системи за да се одржат виталните функции на вештачки начин“, рече тој.
“Пациентите кои се вакцинирани можеби нема да ја видат внатрешноста на болничката соба. Не им треба одделение за интензивна нега и не им треба респиратор”, заклучи докторот.
Експертите ширум светот повторуваат дека вакцината против коронавирус штити од посериозна клиничка слика во случај на инфекција со коронавирус, но тие исто така предупредуваат дека вакцината не ве спречува да го добиете и пренесете вирусот на некој друг.



















