ПОГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ СЕ МЕРКИТЕ ? Научниците тврдат: “Долгиот ковид кај децата се јавува поретко отколку што се мислело”

1553

Британските научници откриле дека само од 2% до 15% од децата со Ковид развиваат долгорочни симптоми.

Најсеопфатната студија до денес за „долг ковид“ кај деца покажа дека помеѓу 2% до 15% од засегнатите деца на возраст од 11 до 17 години имале симптоми до 15 недели по инфекцијата. Научниците кои го спровеле истражувањето, кое траело од септември до март, се убедени во тезата дека „долгиот ковид“ кај адолесцентите се јавува поретко отколку што се мислело, пишува BBC.

Тие нагласиле дека оние кои имаат долготрајни главоболки, замор и проблеми со дишењето мора да ја добијат потребната помош. Сепак, нема докази дека голем број деца побарале лекарска помош поради симптоми, што, на пример, би ги спречило да посетуваат настава.

Распространети симптоми

Студијата, која допрва треба официјално да се потврди, собра и податоци за децата кои не биле заразени. Откриено е дека 53% од таа популација имале барем еден симптом по 15 недели од студијата, но не поради инфекцијата со коронавирус, туку поради зачестеноста на тие симптоми кај општата популација. Меѓу тестираните позитивни, процентот на деца со симптоми е 65%.

Позначајна разлика е забележана кај оние, а тоа е околу 30% од испитаниците, кои пријавиле три или повеќе симптоми и биле заразени, во споредба со 16% од неинфицираните луѓе со ист број симптоми. Според таа пресметка, 32 од 235.000 заразени од септември до март развиле симптоми на „долг ковид“.

Процентот можеби е и помал

Но, научниците веруваат дека процентот на оние кои имаат „долг ковид“ може да биде помал. Имено, само 13% од целната популација го пополниле прашалникот, а експертите се убедени дека прашалникот е пополнет главно од оние кои ги почувствувале симптомите во поголема мера. Ако се во право, вистинскиот број на луѓе со „долг ковид“ може да биде само околу 4.000, што е 2% од испитаниците.

Професорот Terrence Stephenson од UCL Институтот за детско здравје тврди дека „тој број не е толку висок“, но тоа не значи дека бројките „не се незначителни“.

Истражувањата покажале дека постарите девојки со послабо психо-физичко здравје од порано, најверојатно имаат долгорочни симптоми, поради чувствителност и поблаги симптоми. Дури 40% од децата се чувствуваат тажни, загрижени или несреќни. Затоа, јасно е дека пандемијата ги погоди децата повеќе поради затворање на училиштата, одвојување од пријателите и загриженост за ширење на инфекцијата.