Поголемиот дел од жените грешат | Еве како правилно да ја измиете вагината

1384

Нема сомнение дека интимната хигиена е исклучително важна. Но, експертите предупредуваат на некои грешки што жените често ги прават кога станува збор за хигиената на вагината.

“Вагината, всушност, се чисти доста добро, бидејќи има ниска pH вредност што го спречува развојот на лошите бактерии. Овој деликатен баланс спречува акумулација на бактерии. Ако детергентите ја нарушуваат pH вредноста, ненамерно ќе дозволите бактериите да се шират што може да доведе до габи или разни инфекции“, вели гинекологот Nancy Herta za Glamour.

Херта истакнува дека е сосема нормално да има вагинален исцедок, понекогаш со благ мирис.

„Многу жени мислат дека е неопходно да се направи нешто токму тогаш, но тоа е всушност начинот на кој се чисти вагината“, објасни таа.

Нејзината препорака е да не се користат гелови за туширање, особено агресивни, но и специјални производи наменети специјално за вагиналната зона.

„Најдобро е да ја измиете областа со благ сапун, а потоа нежно да ја избришете со крпа за целосно да ја отстраните влагата пред да ги облечете гаќичките, бидејќи влагата може да предизвика габични инфекции“, додаде таа.