Како да се мотивирате да вежбате при секакво време

1320

Студеното време не значи задолжително повеќе калории и зголемена тежина.

Но, дефинитивно студеното време се одразува на мотивацијата за вежбање.

Фитнес експертот на ѕвездите Кити Карла размислувала за сè и нуди краток мотивациски план во неколку чекори за да ја победите мрзеливоста и да се раздвижите:

Започнете го денот со кафе!

Кофеинот ќе ви ги разбуди телото и мозокот, ќе го зајакне метаболизмот и ќе почувствувате наплив на енергија.

Истегне се во кревет

Уште со будењето подгответе се за тренинг. Растегнете се добро во кревет, едно проѕевање и со станувањето допрете ги бавно прсти со исправен грб и без да ги виткате колената. Испружете ги рацете, може лесно да се фатите за предните и страничните зглобови. Направете нешто многу бавно.

Вежби дома

Не е потребно да одите до салата ако ве мрзи. Може да потренирате и дома! За целта ви требаат тегови, фит топка и ластичиња.

Кратко, но ефикасно

Не е потребно и да вежбате цел час! 15-20 минути се доволни. Вклучете во домашниот тренинг сквотови, стомачни, склекови. 2 круга од по 20 повторувања се сосема доволни да ве тонизираат и да го раздвижување телото.

Мотивирајте се со опрема и ритмички

Купете си нов спортски аутфит. Ова ќе ве мотивира да потренирате. Не заборавајте и на омилените песни, кои ќе ви инспирираат да се погрижите за себе.

Спортска средба со пријател

Ако горната точка не ве мотивира, тогаш договорете состанок во паркот или во салата со пријател / ка. Со друштво се тренира полесно, само гледајте да не ја претворите средбата во кафе муабет!