Пациент се пожалил на чешање на увото, алергии и кашлица. Откако ќе видите што е причината за сето тоа, никогаш повеќе нема да користите стапчиња за уши.
Лекарите систематски предупредуваат дека ушите не треба премногу да се чистат, најмалку со стапчиња.
Cerumen, односно ушен восок, ја навлажнува кожата на ушниот канал и ушното тапанче, штити од повреди и го спречува продирањето на водата во увото, но исто така го запира продорот на честичките од нечистотија и прашина. Ушите всушност се чистат сами по себе, затоа што откако ќе се зацврсти восокот во ушите, секое движење на вилицата (без разлика дали разговарате со пријателите, џвакате мастика или јадете) полека исфрла парчиња стар восок низ увото.
Со стапчињата, вие не само што ја поместувате природната заштита на увото, туку го туркате восокот подлабоко во увото, онаму каде што не припаѓа. И понекогаш може да го пробиете тапанчето.
Но, постои уште еден ризик што луѓето често го занемаруваат. Оториноларингологот д -р Крунал Караде, на својот Youtube канал, сподели видео за ендоскопија што открива уште една причина зошто е подобро да не се туркаат стапчиња во увото.
“Пациентот се пожалил на чешање во увото, затнато уво, кашлица и алергија. Во увото имал остаток од памучниот врв на стапчето 5 дена”, пишува д -р Караде.



















