Природни лекови за габи под ноктите

2576

Габичните инфекции на ноктите на нозете и рацете речиси секогаш се доста тешки за лекување. Ноктите добиваат жолта боја, затемнуваат, го менуваат својот облик и почнуваат да се распаѓаат.

Најчестите причини за појавата на габи на ноктите е лошата хигиена, носењето на исти чевли кои не се од природен материјал, премногу долго користење на домаќински ракавици за чистење, по маникир или педикир, ако инструментите не биле добро исчистени.

Покрај назначените од лекар лекови за лекување, видете неколку природни блага, кои помагаат да се намали инфекцијата.

Тинктура за габични инфекции на ноктите

Во 20 мл растително масло, додадете 30 капки од етерично масло од лаванда и оригано (или мајчина душица). Со оваа тинктура мачкајте се 3 пати на ден на критичните области. Исто така, може да се користи масло од бадем, кое ќе ја омекне испуканата и иритирана кожа, и ќе го намали чешањето. Со редовна употреба на овие природни препарати за многу кратко време ноктите ќе блеснат во стариот сјај.

Купка за раце и стапала

Сода бикарбоната се повеќе се користи во одржувањето на хигиената и убавината, бидејќи нежно ја чисти кожата, дејствува антисептично, дезодорира. Исто така е корисна при габични инфекции, затоа што алкалноста на сода бикарбоната ќе ја ублажи и спречи инфекцијата.

За да направите купка за рацете и стапалата во топла вода ставете една рака сода бикарбона и 10-15 капки од претходно споменатите масла, а потоа ставете ги вашите дланки и стапала за време од 20 минути. Потоа добро исушете ги, а добро е во подрачјето на ноктите и прстите да втриете малку сода бикарбона.

Габичните инфекции се долготрајни и бараат упорност. Затоа следете ги следните совети кои ќе ви помогнат во решавањето на овој проблем:

  • одржувајте ги ноктите кратки и суви
  • користете посебно ноктарче за инфицираните нокти
  • по бањање, темелно исушете ги своите стапала, особено просторот меѓу прстите
  • користете чевли што се удобни и не ве стегаат.