Еве како ќе работат пасошите за вакцинираните

1340

Хартијата или апликацијата може да одреди како ќе се движите во иднина.

Апликација или хартија наскоро може да одреди каде ќе купувате, патувате или работите.

Во прашање се пасоши за вакцини. Тие можат да бидат дадени на оние кои биле вакцинирани или веќе имале корона вирус.

Нешто слично веќе постои во Израел, додека Ватикан размислува да ги принуди оние што не примаат вакцина – да најдат друга работа.