Потребно
- 500 г свински црн дроб
- 50 мл маслиново масло
- 1/8 чаша свежо исцеден сок од лимон
- ½ лажичка црн пипер
- ½ лажичка сол
- 3 лажици сенф Дижон
Подготовка
- Измешајте ги маслиновото масло, сокот од лимон, солта, пиперот и сенфот.
- Измешајте добро, за да се добие сос, во кој ќе се маринира црниот дроб.
- Исечете го црниот дроб на парчиња. Ставете го во маринадата и оставете го да отстои под капак за околу 2 часа.
- Исцедете го дробот.
- Наредете во намачкана тава и печете околу 20 минути на умерена температура.
- Потоа го превртувате и печете уште 15-тина минути.
Забелешка: Црниот дроб може да биде испечен и на скара, како и на ребреста тава. По желба гарнирајте со свеж зеленчук.



















