Шпанскиот долголетник Антонио Докампо Гарсиа, кој ја замени водата со вино, починал на 107 години.
Како што раскажал неговиот син Мануел Докампо Гарсиа, во текот на долги години, неговиот татко не ставал капка вода во устата, а секој ден со јадењето пиел до литар и пол вино.
Тој пиел домашно вино направено од него самиот – без стабилизатори и конзерванси.
“Ако се произведуваа 60 000 литри вино годишно, тогаш 3 000 тој оставал за лична употреба. Љубовта кон виното била безгранична, истакна Докампо Лопез.
Антонио почнал да се занимава со лозарство и производство на црвено вино веднаш по Граѓанската војна (1936-1939 година).
Подоцна тој му го посветува на виното целиот преостанат живот што му овозможило да се придржува кон толку невообичаениот, но како што тој сам тврдел корисен за него режим. Столетникот се напил антибиотик за првпат кога имал … 103 години.
Антонио Докампо Гарсија има четири деца, седум внуци, десет правнука и една праправнучка.



















