По 18 векoви тишина, “Воините на сенките” се подготвени да ја откријат својата последна тајна

1445
Можеби се неми, постојани чувари на првиот кинески император, но дури и денес, 18 века подоцна, можат да откријат некои тајни!

Откако група кинески селани од провинцијата Шенси на 29 март 1974 година, додека копале бунар, случајно ги откриле „Воините на сенки“ или „Глинени воини“ – огромната армија од теракота, го привлече вниманието на јавноста поради својот изглед, големина и број.

Уште од кога научниците се прашуваат дали е можно сите воини да се направени врз основа на вистински луѓе или едноставно станува збор за „шаболон“, па деталите како што се фризурата, обликот на носот или ушите биле направени по случаен избор за да се разликуваат, пишува istorijskizabavnik.rs.

Се чини дека оваа „последна тајна“ на античките кинески воини ја реши современата наука.

Во 2014 година, експертите изработија 3Д компјутерски модели од статуите, фокусирајќи се на нивните уши, бидејќи овој дел од човечкото тело се смета за уникатен, скоро како отпечаток од прст. После многу истражувања и споредби, засновани на овие модели, сега научниците тврдат дека секој од над 7.000 војници бил моделиран според реален лик, бидејќи не биле пронајдени две идентични ушни школки.

– Врз основа на примероците, армијата од теракота изгледа како низа портрети на вистински воини“, изјавил археологот Маркус Мартинон-Торес, кој работи со својот тим на локација недалеку од градот Ксиан, во провинцијата Шанкси во Кина.

Патем, Воините на сенките претставуваат колекција од над 7.000 скулптури на војници и коњи изработени од глина, пронајдени во гробот на првиот кинески император, Чин Ши Хуанг. Сите скулптури се со природна големина. Колекцијата се наоѓа во самата гробница и била погребана заедно со императорот кој ја обедини Кина во 221 година п.н.е.

Скулптурите биле закопани заедно со него, бидејќи се верувало дека дури и по неговата смрт, императорот треба има војска со која ќе може да командува. Скулптурите се свртени кон исток и се во борбена формација.

Секоја од ниц е уникатна. Нема две идентични. Сите се вооружени. Некои имаат лакови и стрели, а други и копја, мечеви, сабји… Оружјето сè уште било прилично остро за време на откривањето.

Во 1987 година, УНЕСКО ги прогласи за светско наследство.