Морската храна е исклучителна здрава и корисна за организмот, но е скапа за често консумирање во ресторан.
Од друга страна пак, нашите кујнски навики, некако не ги вклучуваат во домашната исхрана. Најчесто тоа се должи на верувањето дека е потешка за подготовка.
За да ве убедиме дека не е така, ви прикажуваме еден рецепт кој ќе ве увери во спротивното!
Потребно
- 1 кг свежи излупени ракчиња
- 6 лажици масло (сончогледово)
- ¼ чаша маслиново масло
- 1 лажица мелен лук
- 1 лажица мелен кромид
- 2 лажици сецкан свеж див кромид
- сол и бибер по вкус
- ½ лажичка црвен пипер
Подготовка
- Загрејте ја скарата на висока температура.
- Во меѓувреме, во голем сад измешајте го маслтоо, маслиновото масло, лукот, двата вида кромид, солта, црниот и црвениот пипер.
- Промешајте многу добро.
- Додадете ги ракчињата во маринадата.
- Оставете ги за околу 15 минути да впијат од мирисите и соковите.
- Подмачкајте ја скарата.
- Печете ги ракчињата од секоја страна по 2-3 минути, за да не загорат.



















