Во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург автобус налета на бандера, се исправи и остана во таа положба.
Според првичните информации, во сообраќајката се повредени десет лица.
Несреќата се случи на крстосницата на Ленинскиот проспект и улицата „Котин“. Во овој момент на местото на несреќата работат припадниците на службите за спасување и медицински персонал.
Возачот, како што пренесуваат медиумите, се наоѓа во тешка состојба, а стручњаците се обидуваат да го извлечат од кабината.
Предниот дел на автобусот е смачкан од сударот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.



















