Митови за хороскопските знаци, кои воопшто не се точни

1806

Без разлика дали верувате или не во хороскопот, многу е веројатно дека сте чуле коментари или општи верувања поврзани со вашиот знак.

Така, јарците ги бие глас дека се тврдоглави, раковите преемотивни, лавовите арогантни, но астрологијата е далеку покомплексна од ова генерализирање.

Според оние кои професионално се занимаваат со астрологија, секој хороскопски знак има свои позитивни и негативни страни, но на една личност не може да ѝ се суди само врз основа на зодијакот.

Прочитајте кои се најчестите клишеа поврзани со вашиот хороскопски знак и проценете дали се вистинити или не.

Овенот е неконтролирано импулсивен

Овенот е отворен знак, кој секогаш реагира на неправда, но тоа не значи дека е опасно темпераментен или дека не знае да се контролира. Всушност, тие многу анализираат и реагираат соодветно на ситуацијата, особено ако треба да се одбранат. Затоа, не велете дека не можете да бидете пријател или партнер на Овен, бидејќи тие всушност одлично знаат да се „носат“ со себе.

Биковите се мрзливи

Во суштина, Биковите може да работат посветено и напорно долг период, без воопшто да одморат, но тоа нема да го забележите, бидејќи тие не се жалат колку работа имаат. Па, ако видите Бик кој е релаксиран, иако го чекаат уште многу обврски, веројатно само земал пауза за да собере сила и да продолжи со посветената работа.

Продолжува на страна 2