Потребно
- 1 кг малини
- 1 кг шеќер
- сок од 1 лимон
Подготовка
- Измијте ги зрелите малини, па ставете ги во цедалка добро да се исцеди водата.
- За тоа време, ставете ги шеќерот и сокот од лимон да се варат во тенџере.
- Откако сирупот ќе биде целосно густо варен, тргнете го тенџерето од рингла и оставете течноста да се подизлади.
- Ставете ги малините во ладниот сируп, па варете ги.
- Откако ќе биде варено, тргнете ја пената, покријте го тенџерето со влажна крпа и утредента сипете го во чисти тегли.
//