Ве мачи главоболка, вртоглавица или гадење? Можеби ви се потребни нови очила

2182

Ако почувствувате главоболка, вртоглавица или гадење, причината може да е прилично едноставна. Можеби ви се потребни нови очила.

Обрнете внимание на следните симптоми:

Очите често ве болат

Ако често очите ви се болни можеби проблемот е во очилата. Очите ви работат како леќа, која го прилагодува фокусот за објекти на различни растојанија – далечни и блиски. Ако стаклата на очилата не се во ред, тие го оптоваруваат мускулот на окото. Токму затоа може да ги почувствувате очите болни, уморни, насолзени или суви.

Страдате од главоболки

Уморот на очите може буквално да ви донесе главоболка. Ако очите ви се напрегнуваат повеќе од обично, вие може да започнете да чувствувате досадна болка точно зад челото. Во таков момент е добро да се одморите 15-30 секунди, гледајќи кон далечината.

Гледаш матно

Ако ви се чини дека не гледате јасно, а сè ви е малку матно и ви е потребно да призамижувате, за да ви се разбистри погледот, можеби сте за нови очила.

Никогаш не одите без очила

Ако после секое ставење или вадење на очилата очите почнуваат да се иритирани од светлината во просторијата, осветленоста на мониторот или телевизорот и т.н., можеби го немате вистинскиот пар очила за сонце.

Чувство гадење

Двете очи создаваат две слики кои вашиот мозок ги смета заедно. Но ако едното око има полоша визија од другото, така се деформира и сликата. Ова може да ве натера да почувствувате мачнина или вртоглавица.

Не сте биле на очен лекар повеќе од една година

Треба да ги прегледувате очите еднаш годишно, особено ако работата ви е поврзана со повисок напон на очите.