По студентските години отсранете ги штетните навики

1612

Студентските години се време кога посветуваме најмалку внимание на своето здравје.

Можеме да кажеме дека дури ги игнориравме: непрестајни забави и хронична ненаспаност, големи количини на алкохол, јадење на нога и прекумерна употреба на кофеин.

Ова се само дел од штетните навики кои ги стекнуваме во студентските години.

И ако на универзитетот секогаш сте го одложувалњ здравиот начин на живот, тогаш по заминувањето е времето во кое треба да се обрне повеќе внимание на себе, да се откажете од штетните навики и дефинитивно да се исфрлаат некои работи од менито.

Полуготови јадења

Веќе е крајно време да престанете да купувате храна, која станува подготвена само за неколку минути. На сите ни е јасно колку голема е разликата помеѓу полуфабриките и свежо подготвената храна.

Енергетски пијалоци

Одамна е докажано штетата од енергетските пијалоци, а и доаѓајки рано наутро со енергетик во канцеларијата ризикувате да личите на тинејџер

Салата ајсберг

Општо-распростането е мислењето дека салатата ајсберг е исклучително здрава, но вистината е сосема друга. Таа содржи претежно вода и има нула хранлива вредност. Од зелените треволистни зеленчуци купувајте претежно рукула, спанаќ или кејл.

Маргарин и топено сирење

Убедени сме дека на пат за предавања сте обожавале да јадете домашни сендвичи со маргарин или топено сирење. Па, имаме лоша вест за вас: маргаринот е полн со трансмасти, кои можат да го оштетат срцето. Затоа подобро е да го замените со масло. Што се однесува до топење сирење – подобро користете ќедар или Гауда.

Бел леб

За производството на белите леб се отстрануваат сите корисни делови на житото, што значи голема количина рафинирани јаглехидрати, кои од своја страна се одразуваат лошо на вашето здравје. Затоа заменете го белиот мек леб со потемен пченкарен.

Фаст фуд

Последните години се испишани безброј написи во кои во должина и на широко беше објаснето колку штетни се синџирите за брза храна. Храната таму е полуфабрикат кој не само што нема да ве засити, но и може сериозно да му наштети на вашето здравје. Хемикалиите и вештачките бои се доволна причина никогаш повеќе да не купувате брза храна.