7 работи за кои не треба да разговарате со вашиот партнер по сексот

1278

Разговорот после секс, можеби попознат како pillow talk, е еден од најинтимните разговори кој може да го водите со вашиот партнер.

Се разбира, ако некој од вас веднаш не ‘избега’ од креветот.

„Никогаш не сме поранливи отколку за време на секс, што вклучува и пред и после тоа“, изјави сексуалната Елиза Бокин за „Космополитен“. „Затоа многумина од нас сакаат да избегнат одредени теми што можат да резултираат во кавги со партнерот. Значи, спротивно на популарното размислување, времето по сексот не е идеално за споменување на многу теми. Затоа, за да ви помогнам, подолу е список од дури седум различни теми кои не треба да ги споменувате после сексот“.

Не го критикувајте (веднаш) сексуалниот чин

Ако навистина немате корисна изјава или ако не барате повратна информација, воздржете се од критикување на самиот чин веднаш по сексуалниот однос. Вашите потези, како и оние на вашиот партнер, не се мерат на скала од 1 до 10, има многу варијабли, а критиките само ќе го изгаснат „пламенот“, страста и блискоста.

Не коментирајте за изгледот на телото на вашиот партнер веднаш по сексот

По сексот не му кажувајте на вашиот партнер да се врати во теретана. „Тие едноставно споделиле длабок интимен момент со вас и правете било што друго, но не и изразито восхитување и благодарност према нивното тело“, вели Бокин.

Не спомнувајте теми кои претходно предизвикале расправија или кавга

“Времето и разговорот по сексот не се идеални за враќање на темата од претходниот проблем, особено ако е поврзано со одредени потези на свекорот или свекрвата“, се пошегува Бокин. “Тој сјај што го гледате во очите на вашиот партнер не е дозвола за да се вратите на расправиите. Бидете трпеливи, ветуваме дека ќе имате доволно друго време за решавање на проблемот“.

Не зборувајте за претходните сексуални искуства

Времето по сексот дефинитивно не е вистинското време за групирање и рангирање на вашиот сегашен партнер и споредување со претходниот партнер.

„Важно е да разговарате за вашата сексуална историја со вашиот партнер, но не веднаш по сексот“, советува Бокин.

Не го користете ова време за добивање на оние нешта што ги сакате

Не одвојувајте време по задоволителен сексуален однос да разговарате за нешто со што партнерот не се согласувал порано, но сега, за добра волја, би можел да се согласи со тоа.

„Вашиот партнер може да добие чувство на манипулација или притисок“, вели Бокин. И, да бидеме искрени, најчесто не сме расположени да се занимаваме со сериозни теми веднаш по сексот – особено ако споменатата тема веќе била „проблем“ или вашите мислења за неа се разликувале“.

Без прашање каде научил/ла одреден потег или поза

Споменатото прашање може многу лесно да доведе до разговор за некое поранешно момче или девојка, а ние веруваме дека не го сакате тоа и едноставно нема добар одговор.

Истата работа е и со прашањето “Дали мојот задник изгледа голем во овие панталони?” – Едноставно, нема добар и прифатлив одговор за секого.

Не почнувајте разговор за иднината на вашата врска

Иако за некои болна констатацијата е фактот дека сексот не е неопходен и не е секогаш знак на посветеност, е вистина. Затоа, по самиот чин на сексот, не користете време за разговор прашувајќи го вашиот партнер за вашата (можна) иднина. Оставете го споменатиот разговор за друго посериозно време кога ниту вие, ниту вашиот партнер нема да се чувствувате обврзани да кажете одредени работи само поради сексуалниот чин.