Потребно
- 6 тврди кисели јаболки
- 375 г свежа урда
- 120 г мелени лешници
- 75 г исечкано црно чоколадо
- 5 лажици мед
- 1 лажица рендана кора од портокал
- путер по потреба
Подготовка
- Јаболките измијте ги, отсечете им малку од дното за да стојат стабилно во тепсијата.
- Потоа издлабете ја средината од секое јаболко.
- Во еден сад помешајте ја урдата со лешниците и чоколадото, потоа додадете 3 полни лажици мед и кората од портокал.
- Со смесата наполнете ги јаболките, а потоа наредете ги во подмачкана тепсија.
- Јаболките прелејте ги со лажица мед и печете на 190 °C додека не омекнат.
- Готовите јаболки прелејте ги со преостанатиот мед и декорирајте со вашето омилено чоколадо.
//