Создадени лабораториски “мини мозоци” за невролошките испитувања

1168

Научниците од Факултетот за јавно здравство “Џонс Хопкинс Блумберг” успеале да развијат лабораториски “мини мозоци”, кои во најголем дел се создадени од истите неврони и клетки кои го сочинуваат човечкиот мозок.

Според истражувачите создавањето на овие мозоци може значително да го промени начинот на кој новите невролошки лекови се тестираат, и така ќе можат да бидат заменети стотиците илјади животни кои се користат за таа цел само во САД, пишува американското списание “Science Daily”.

Спроведување на истражување на овие три-димензионални мозоци – топки од мозочни клетки кои растат и формираат слични мозочни структури во рок од осум недели, можат да бидат посигурни, бидејќи тие се развиени од човечки клетки, а не од такви на глодари.

Малите мозоци се со големина од 350 микрометри во дијаметар, или колку око на мува. Некои од мозоците дури покажуваат спонтана електрофизиологична активност. “95% од лековите изгледаат ветувачки кога се тестираат врз животни, но не успеваат штом се тестираат врз луѓе, што доведува до трошење на време и пари”, посочи водечкиот автор на студијата на мозоците Томас Хартунг.

“Иако примероците со глодари се корисни, ние не сме 70 килограмски стаорци. И макар и да не сме исто така големи топки од клетки, често пати можеме да добиеме подобри информации од овие топки клетки, отколку од глодарите “, посочи тој.

“Мини мозоците” се создадени од т.н. индуцирани плурипотентни матични клетки (iPSC). Тоа возрасни клетки кои генетски се репрограмирани до ниво на слични на ембрионски матични клетки, по што се стимулирани да формираат мозочни клетки.

Материјалот за мозоците претставува кожни клетки на возрасни, а според Хартунг клетки на луѓе со специфични генетски лузни или заболувања можат да се користат за тестирање на одредени лекови.

Мозоците можат да се искористат за изучување на болестите на Алцхајмеровата и Паркинсоновата, мултиплекс склероза и дури аутизам. Во моментов веќе почнаа студии за испитување на различни инфекции, повреди и удари.