Американски план за скротување на Кина | Припитомување на меѓународните организации и реедукација на Американците

1179

Документ на 70 страници под наслов „Елементи на кинескиот предизвик“ бил подготвен од Канцеларијата за планирање на политики на Стејт департментот.

Американскиот Стејт департмент се надева дека политиката во стилот Кенан ќе помогне да се поткопа економската моќ на Кина и одржување на светскиот поредок предводен од Вашингтон, откри неодамна протечениот документ.

Документот на 70 страници под наслов „Елементи на кинескиот предизвик“ е подготвен од Канцеларијата за планирање на политики на Стејт департментот и објавен од axios.com.

Планот е направен по примерот на „Долгиот телеграм“, нацрт за надворешна политика од 40-тите години на минатиот век од страна на тогашниот амбасадор на САД во Советскиот Сојуз, Џорџ Кенан, кој ја опишал земјата како „многу чувствителна на логиката на сила“.

Списокот „Елементи на кинескиот предизвик“ е полн со конзервативни тонови и го промовира американскиот исклучителизам, но не оди целосно во сферата на „конфликтите на цивилизациите“. Тој начин е забележан кај поранешната шефица на Канцеларијата за планирање на политики, Кирон Скинер, која првично го водела креативниот тим на планот. Минатата година таа го спореди ривалството на Америка со СССР со ривалството со Кина, велејќи дека првото била „борба во западното семејство“, додека второто е „фрапантно“ во смисла дека „првпат имаме голем некавкаски конкурент“.

Кинеска закана

Во новите документи на Стејт Департментот се наведува дека е време да се разбие оптимизмот во однос на Кина, која ја преобликува американската политика кон неа многу години. Вашингтон треба да смета дека Кина е „закана за воспоставениот светски поредок, воден од необична мешавина на марксизам и ленинизам и екстремна верзија на кинескиот национализам од владејачката Комунистичка партија“.

За Кина се вели дека има слабости по својата природа, вклучувајќи ја ограниченоста на иновациите, тешкотии при формирање сојузи, демографски дисбаланс, деградација на животната средина, постојана корупција и трошоци за одржување на редот, или, како што е опишано во документот, „следење, цензурирање и индоктринирање на 1,4 милијарди луѓе во Кина“.

Се споменува и „болест, смрт и социјално и економско уништување предизвикано од пандемијата на коронавирусот протечен од Вухан“, што, според Стејт департментот, довело до меѓународен бес кон Пекинг поради занемарување на човечкиот живот, рамнодушноста на благосостојбата на другите нации и занемарувањето на меѓународните норми и обврски.

Во документот се наведува дека Вашингтон го обвинува кинеското политичко раководство, а не кинеската култура.

„Слободата и демократијата можат да цветаат и во Кина, како што е во Тајван, Хонг Конг и Јужна Кореја“, се додава во извештајот.

Создавање светски поредок предводен од Соединетите држави

За соочувањето со „кинескиот предизвик“ ќе биде потребен мултилатерален пристап што ќе им овозможи на Соединетите држави да ја одржат слободата во својата земја и остатокот од светот.

Стејт департментот наведува десет точки на дејствување неопходни за забавување на Кина.

Вашингтон прво мора да го зачува уставниот поредок, да негува растечка слободна пазарна економија и да го негува граѓанското општество во својата држава.

Потребно е да се одржи најмоќната, агилна и технолошки напредна армија во светот со цел да се заштитат американските економски интереси.

Исто така, потребна е интензивна едукација на населението, со цел да се постигне конкурентска предност во науката и технологијата, но и со цел да се едуцира кадар за кинески студии. Американските дипломати, воени стратези, економисти, технолози и политички теоретичари мора да бидат добро упатени во јазикот, културата и историјата на земјата, се додава во документот, што укажува на недостаток на американски експерти за Кина.

Исто така, Американците треба да бидат подучувани за кинеската закана, бидејќи само од информираното население може да се очекува да поддржува комплексна политичка комбинација што ќе им овозможи на САД слобода, се вели во документот.

На меѓународно ниво, документот „Елементи на кинескиот предизвик“ предвидува Соединетите држави да ги преиспитаат својот сојузнички систем и меѓународните организации. Сојузниците ќе треба да аплицираат за поефикасна поделба на одговорностите, а меѓународните организации ќе треба да реформираат каде што е можно и да се повлечат од таму каде што е потребно.

Соединетите држави ќе продолжат да соработуваат со Кина само поради нејзината економска моќ, но една од нивните примарни цели е да ја елиминираат зависноста од Кина кога станува збор за потребните материјали и стоки, пренесува РТ.

Голем натпревар на моќ

Откриениот документ се совпаѓа со логиката на „големиот натпревар моќ“, која стана фокус на надворешната политика на администрацијата на Трамп, но може да се најде во „штабот за Азија“ на неговиот претходник Барак Обама. Потребата да се согледа Америка како моќ наменета да управува со светот ужива двопартиски консензус во Вашингтон.

Америка ја гледа Кина и, во помала мера, Русија како ревизионистички нации кои се обидуваат да ја уништат униполарноста на светот по Студената војна. Вашингтон ги обвинува за авторитаризам и разни злодела.

Двете држави всушност се залагаат за мултилатерализам и правото на суверените нации да усвојуваат политички системи што тие ги сметаат за соодветни на нивните култури и потреби. Тие посочуваат дека критиките се само дел од напорите на Америка да се држи чекор со конкуренцијата со употреба на политичко влијание откако ќе ја изгуби економски.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.