Злоупотребата на алкохол во адолесценцијата го менува мозокот

2175

Долготрајната употреба со алкохол во младинските години го менува мозокот, одразувајќи се врз кортикалната ексцитабилност и функционалната конекција.

Ова го покажува новото истражување на тим од Универзитетот на Источна Финска и Универзитетската болница во Куопио, цитиран од научниот сајт “Сајанс дејли”.

Трудот ги анализира ефектите од употребата на алкохол врз електричните импулси во мозокот и возбудливоста на кортексот (мозочната кора).

Научниците ја следеле состојбата на 27 младинци, чии резултати биле споредени по возраст, пол и едукација со такви луѓе кои консумираат малку или никаков алкохол.

За време на истражувањето учесниците биле на возраст меѓу 13 и 18 години. Потоа на возраст меѓу 23 и 28 годишна возраст волонтерите повторно биле анализирани.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.