4 знаци дека не е љубов, туку само секс

1194

Во раните фази на романтичната врска е тешко да ја разграничиме љубовта од сексуалната желба. Тогаш физичкото привлекување меѓу партнерите е многу силно, но може да има и емоционална врска.

Дали во конкретниот случај станува збор само за желба или има и љубов, може да ни помогнат да утврдиме овие знаци …

Се облекуваме добро цело време

Секој пат кога ќе треба да се сретнеме со објектот на желбите, се трудиме да се облечеме добро. Во случај да ни претстои видео конверзација пример, првото нешто што нè возбудува, е изгледот. Љубовта не го бара сето тоа, тогаш сме среќни што го гледаме саканиот, без разлика дали сме имале лош ден и не изгледаме на најдобар начин.

Не знаеме ништо за својот партнер

Не знаеме ништо друго, освен дека партнерот ни е добар во кревет. Може да знаеме и за неколку други навики или преференции, но тоа се само површински информации. Кога станува збор за љубов, имаме интерес кон личноста на партнерот, знаеме што е она што го прави тажен и го тера да се чувствува осамен, обесхрабрен или среќен.

Постојат многу услови

Кога нема можност за секс, претпочитаме да ја одложиме средбата за некој друг пат. Недостасува желбата да излеземе некаде надвор, а преферираме да си останеме дома и да се насладуваме на интимни бакнежи.

При љубовта исто така има интимност, но има и моменти во кои сакаме само да бидеме заедно и да се радуваме на друштвото, без да имаме секс.

Ни недостасуваат сеопфатни разговори

Никогаш не разговараме за соништа или цели. Загрижени дека другиот ќе ни суди и ќе изгуби интерес за нас. Од друга страна, го дебатираме првиот бакнеж и сексуалните фантазии кои ги имаме. Тоа не е емотивна врска и е јасен знак дека станува збор само за сексуално привлекување.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.