Трикови кои ќе ви помогнат да јадете помалку

1272

Како јадете храна е исто толку важно како и каква храна јадете, кога станува збор за регулирање на телесната тежина.

Ако се фокусирате на храната пред вас и избегнувате одвлекување на вниманието, може да изгубите тежина без премногу напор. Овој процес би се нарекол јадење со внимание, или свесно јадење.

Свесното јадење станува популарно: 49 проценти од диетолозите велат дека нивните клиенти повеќе би сакале да изберат свесно јадење отколку диета.

Ова не треба да изненадува кога ќе ги погледнете резултатите: На овој начин ќе изберете поздрава храна, дури и кога сте многу гладни, ќе јадете кога сте гладни, ќе ја намалите можноста за прејадување и ќе доживеете поголемо задоволство со секој оброк.

За да се разбере што значи поимот “mindfulnes eating”, експертите донесуваат појаснувања.

Наспијте се

„Недостатокот на сон може да влијае на појава на чувство на глад следниот ден“, вели Сузан Албертс, клинички психолог специјализирана за оваа област на исхрана. Студија објавена во списанието „Sleep“ открива дека оние кои не спијат добро, имаат поголема веројатност да добијат тежина. Целта е да одите во кревет секој ден во исто време, да ги исклучите апаратите и светлата и да ја оладите просторијата. Сето ова ќе ви помогне да јадете свесно следниот ден.

Седете и јадете

„Се чини едноставно, но запомнете колку пати сте јаделе во движење или пред фрижидерот“, додава Албертс. Неодамнешна студија потврди дека јадеме до 5 проценти повеќе храна ако не седиме на маса. Но, токму тоа е начинот да се фокусирате на храната и да ги гледате вашите порции.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2