Антидепресивите предизвикуваат аутизам!

1203

До 2020 се очекува депресијата да е втора водечка причина за смрт во светот, но какви штета нанесуваат антидепресантите?

Мајките кои земаат антидепресиви за време на бременоста може двојно да го зголемат ризикот од развивање на аутизам кај децата, пишува Psy Blog.

До овие резултати дојдоа откако новото истражување ги анализира податоците од 145.456 бремености.

“Спектарот од причини кои предизвикуваат аутизам останува нејасен, но истражувањата покажуваат дека како генетиката така и средината игра улога.

Во конкретниот случај нашето истражување покажа дека земањето антидепресиви во текот на второто тримесечје од бременоста речиси го удвојува ризикот кај детето да се дијагностицира аутизам додека тоа наполни 7 години, и особено ако мајката зема селективни серотонин инхибитори, познати како SSR “oбјаснува Аника Берар од универзитетот во Монтреал.

Канадскиот тим користел податоци од Квебек, кои се следеле 145.456 деца додека наполнат 10 години.
Резултатите покажале дека различни фактори придонеле за развојот на аутизам кај децата, вклучувајќи:

  • Повисока возраст на мајката,
  • депресија,
  • сиромаштија.

Секој од овие фактори биле земене в предвид при анализата, но антидепресантите пак излегле како ризичен фактор.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.