Да, знаеме дека се вкусни, арно ама… | Храна која не треба да ја купуваме во продавниците

1103

Еве ја листата на производи кои заради лошиот нутритивен состав и рок на траење не треба да се најдат во вашата шопинг количка.

Месо од ракови

Ова е популарна и ефтина состојка во многу салати, но за жал нема никаква врска со ракови (освен името). Раковото месо или популарните сурими стапчиња се состојат од мелени остатоци од риби, ароми и скроб. Повеќето содржат поголеми количества шеќер, арома и засилувачи на вкус.

Чадена храна

Чадената храна е многу популарна низ целиот свет, но и предмет на бројни дискусии за нејзиното влијание врз здравјето. Постојат традиционални методи на чадење кои делуваат како природни конзерванси и можат да го продолжат рокот на траење, а потоа има и поевтина метода наречена “течен чад”, која навистина е сомнителна.

(Штетни хемикалии со засилувачи на вкус, феноли и формалдехиди често не се наведени на пакувањето. Ако не можете да одолеете на вкусот на парче пушено месо или риба, изберете производи со знаци на природните методи на чадење.)

Вегетаријански хамбургери

Често, овие хамбургери наместо со зеленчук наполнети се со пченичен глутен, соја и растително масло. Проверете што вели налепницата и дали навистина внатре има зеленчук. Најбезбеден и најпосакуван е сигурно оној што го подготвувате дома.

Гумени бонбони

Шарените и ароматичните мечиња се многу популарни меѓу децата и возрасните. Сепак, состојките на современите гумени мечиња често се далеку од класичните. Природниот пектин често се заменува со свинскиот желатин, а убавите бои се направени со синтетички засилувачи на вкусот и бои. Покрај тоа, некои производители користат сулфур диоксид како конзерванс, кој не е секогаш споменат на пакувањето и може да предизвика алергии во поголеми дози.

Пченкарни снегулки

Често една чинија со пченкарни снегулки се претставува како “здрав” појадок. Сепак, состојките и начинот на правењето пченката може да го разниша тоа размислување.
(Всушност, по пржењето на пченкарните снегулки, сите витамини исчезнуваат од пченкарното брашно, а шеќерот, маслото кое се користи за пржење, и конзервансите не се добри за вашето тело.)

Покрај тоа, тие можат, ако ги јадете редовно, да доведат до несаканите килограми.

Грозје

Грозјето има многу краток рок на траење и треба да го јадете веднаш откако ќе го земете. Се разбира, производителите и на супермаркетите тоа не им се допаѓа, па се обидуваат да го продолжат рокот на траење и да го подобрат изгледот на производот. Значи, ако купите грозје и забележите дека не е збрчкано по неколку дена, тоа значи дека поминало низ хемиска обработка.