Санта Луција | Единствената земја во светот која е именувана по жена

2049

Земјите главно им го должат своето име на племиња, етнички групи, но и на некои карактеристики на земјата, географската положба …

Само околу 25 земји беа именувани по важна личност, а на тој краток список има само една земја што го должи своето име на жена – и тоа светица!

Света Луција, понекогаш нарекувана Санта Луција, е мала островска држава на Карибите, во Централна Америка. Сместена е на границата помеѓу Карипското Море и Атлантскиот океан. Зафаќа површина од 617 км2 и е дом на нешто повеќе од 165 000 жители.

Тоа беше британска колонија и се стекна со независност на 22 февруари 1979 година. Денес е членка на британскиот Комонвелт и Франкофонијата.

Легендата за името

Оваа земја беше именувана по римокатоличка светица – Света Луција од Сиракуза, и постои интересна легенда за тоа како настанала. Имено, пред доаѓањето на Европејците, локалните племиња што го населувале островот, својата земја ја нарекувале Хуаналао.

И тогаш дојдоа Европејците – Французите. Според традицијата, тоа се случило на 13 декември, кога според Грегоријанскиот календар се слави празникот Света Луција.

Имено, станува збор за бродоломци кои пловеле во океанот без надеж за спас кога на 13 декември 1502 година конечно ја виделе земјата. Тие го припишале спасувањето од канџите на сигурна смрт во морските длабочини на светицата и ја именувале земјата по неа.

Островот најпрво потпадна под француска власт, но наскоро пристигнаа и Британците. Двете земји се судрија за Санта Луција дури 14 пати. Британците конечно преовладуваа во 1814 година и го држеа островот под нивно владеење во следните 165 години.

Сепак, името остана, а во меѓувреме, 13 декември беше претворен во најважниот национален празник на островот и така се слави и денес.