Расправии на тема развод

1645

Разделбата / разводот е тешко искуство не само поради емоционалниот аспект дека се дистанцирате од човек кој бил дел од животот и сте го сакале или сте уште најблиски, туку и затоа што со времето се случило така дека имате многу што да делите.

Да ги оставиме настрана заедничките пријатели кои имаат сопствено мислење за оваа тема и кои не може вие ​​да ги поделите.

Со покуќнината сепак прашањето е различно.Big Yellow Self Storage направи кратко истражување и откри дека 40% од драмата за време на развод, е заради предмети или попрецизно нивната поделба.

Видете и што не можат да си поделат поранешните и доведува до тешки компликации во нивната разделба:

  • Автомобилот
  • Заеднички фотографиии со убави спомени
  • Драги мали предмети (фотоапарат, сувенири и т.н.)
  • Наследени предмети (масата од ковано железо на баба ви, фотелјата од чичко …)
  • Телевизорот
  • Лаптоп / компјутер / таблет
  • Креветот
  • Софата
  • Бела техника (фен, садови, машина за перење)
  • Документи.