Мистеријата за Месечината на Сатурн, Реј, која трае откако сондата “Casini” прелета покрај неа, можеби конечно беше разрешена.
“Casini” сними необично соединение кое не ја рефлектира светлината тој месец, а научниците сега веруваат дека станува збор за остатоци од ракетно гориво.
Сондата “Casini” прелета покрај Месечината на Сатурн во 2017 година и го испита одразот на светлината од неговата површина со цел да се утврди какви соединенија постојат на неа, пренесува “New Scientist”. На Реј, најголемата Месечина на Сатурн, како и на некои други, забележани се соединенија кои апсорбираат ултравиолетова светлина.
Се прашувавме што може да биде, и на почетокот помисливме дека станува збор за некој вид мраз. Ни требаше многу време да сфатиме за што станува збор, вели Аманда Хендрикс, од Калифорнискиот институт за планетарна наука.
Таа и нејзините колеги потоа истражувале во лабораторијата како различни соединенија ја рефлектираат светлината и откриле дека две реагирале на ист начин како и оној што се наоѓа на Реј: хидразин и хлор. Сепак, според Хендрикс, тешко е да се поверува дека на површината на Раја може да се најде хлор.
Од друга страна, хидразин, кој се користи како ракетно гориво, може да потекнува од елементите присутни на Реј, но може да потекнува и од атмосферата на соседната месечина Титан. Научниците веруваат дека хидразин не можел да дојде кај Реј од самиот “Casini”, иако тој го користи како гориво, но не ги вклучил моторите близу Месечината на Сатурн.
Тоа е можно објаснување, но сè уште бараме одговор на прашањето како се најде хидразин на Месечината на Сатурн. Тој одговор може да биде решение за некои други хемиски процеси што се случуваат во целиот систем на Сатурн, но и на друго место во вселената – вели Хендрикс.



















