Група јапонски архитекти, собрани во рамките на проектот „Space Port Japan Association“, откриле фантастичен концепт за вселенскa база, која би го красела главниот град.
Покрај „портата“ за слетување / полетување на летала, ја гледаме и патната инфраструктура, а планиран е простор и за хотел, музеј, теретана, аквариум и кино.
Соларните панели „лебдат“ над конструкцијата, кои обезбедуваат дополнителен извор на енергија.
Кулите како симбол
Во концептот доминираат две кули, назначени за дојдовен / појдовен сообраќај. Тие исто така би претставувале еден вид симбол на космодромот, видлив од далеку, пренесува „Futurism“.
„Spaceport Japan“ постои само во дигитална форма, но авторите се надеваат дека ќе ја претворат визијата во реалност, а со тоа ќе придонесат за развој на вселенската индустрија на нивната татковина.
На следното видео, ќе дознаете повеќе детали за неверојатниот проект.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















