Електрично возило NEVS Sango за самостојно возење | Видео

1197

Фабриката Сааб во Тролхетан, Шведска, не произведува ниту еден автомобил од 2013 година, но наскоро може да заживее, благодарение на новите сопственици.

Компанијата НЕВС таму има амбициозен проект Санго – возило со шест седишта, кое треба да се најде на улиците на Стокхолм до 2023 година. Она што го издвојува е автоматскиот систем за возење SAE Ниво 4.

Ова значи дека Санго треба да се движи самостојно, но во однапред програмирана област. Фабриките во Тролхетан ќе се користат за негово производство.