Секојдневните оргазми се единственото нешто што и помага да ја намали хроничната болка

1699

Писателката Хана Шеван Стеванс ЖИВЕЕЕ со силна хронична болка повеќе од една деценија . Откако испроба сè, од медицина до јога, таа случајно го откри „лекот“ додека беше со нејзиниот партнер.

“После 12 години живеење со силна хронична болка на дневна основа, открив скоро извесен начин за ублажување на болката – оргазам. Хронична болка во грбот се појави кога имав само 14 години. Имав дневни напади на болка кои речиси ме парализираа. Додека не открив дека оргазмите ми помагаат, побарав помош од разни лекари“, изјави Хана за „Сан“.

“Ми беа дадени неколку дијагнози, вклучително и артритис. Некои лекари сметаа дека сето тоа е во мојата глава, а еден доктор исто така ми рече дека претерувам со опишување на болката што ја чувствував. За некое време избегнував посета на лекари, само испив огромна количина апчиња против болка“, го опиша своето искуство.

“После осум години ми беше дијагностицирана фибромијалгија, состојба која се карактеризира со силна и хронична болка. Во моментов помеѓу 1,5 и два милиони луѓе во Велика Британија живеат со оваа состојба за која нема лек. Иако дијагнозата беше олеснување, сепак се чувствував лошо затоа што лекови против болки стануваат сè помалку ефикасни и не можат да бидат решение за моите проблеми.

“Минатата година открив случајно откритие што ми го смени животот. Додека бев со мојот сега веќе поранешен партнер, доживеав експлозивен оргазам што целосно ја изгасна болката за прв пат по пет години. Тоа чувство без болка беше толку туѓо ми требаа неколку минути за да сфатам што навистина се случува. Тоа чувство беше подобро од кој било оргазам што го имав претходно. По ова чудесно откритие, поминав денови истражувајќи ги можностите за употреба на оргазам за лекување на болка. За жал, наскоро стана јасно дека оргазмите нема да функционираат како лекот, сепак, откритието не беше залудно. Сфатив дека ако го започнам денот и го завршам со оргазам, нивото на болка за тој ден е значително намалено“, објасни Хана.

“Оргазмите брзо станаа моја алатка за управување со болката во деновите кога фибромијалгијата ме закачи во креветот. Открив дека можам да постигнам осум уникатни видови оргазми, некои дури и без раце. Заедно со редовна физиотерапија, структурирани вежби, можев поефикасно да управувам со фибромијалгија и моето менталното здравје значително се подобри“, рече таа за „Сан“.

„Веројатно хроничната болка секогаш ќе биде присутна, а некои денови сè уште се исцрпувачки, но сега можам да си помогнам себеси со постигнување оргазам кога болката станува неподнослива“, заклучи Хана.

https://www.instagram.com/p/Bz0VWtwAA3s/?utm_source=ig_embed