Редовниот секс ги тера мажите да …

1348

Редовниот секс ги тера мажите да веруваат повеќе во Бог и да се однесуваат со поголема почит кон религијата, открија научниците од универзитетот “Дјук” во Северна Каролина, пишува “Дејли мирор”.

За време на половиот акт се излачува хормонот окситоцин, кој игра клучна улога во љубовта и приврзаноста. Неговите нивоа се зголемуваат кај жените при породување и при доење.

Со него се поврзуваат исто така верата и алтруизмот.Научниците од “Дјук” успеаја да утврдат дека окситоцинот го стимулира и “духовниот почеток кај мажите”.

За време на експериментите, мажите биле поделени во две групи, едната добивала окситоцин, а другата – не. Оние што добиле од хормонот, биле подготвени да тврдат дека духовноста зазема важен дел од нивниот живот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.